Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона утре на домашен терен игра против Гранада во меч од петтото коло од шпанската Ла Лига, а во каталонскиот клуб не владее најдобра атмосфера откако загуби со 0-3 од Баерн Минхен.
По натпреварот големи критики доби тренерот Роналд Куман за кој навивачите велат дека треба да добие отказ.
Меѓутоа, Куман верува дека ситуацијата во Барселона е поинаква отколку пред една година, кога Баерн ги декласираше со 2-8 и дека сега нема такви ѕвезди во екипата.
„Пред само една година, Барселона загуби од Баерн Минхен со 2-8, а во составот беа Меси, Гризман, Суарез. Во вторникот играа Демир, Ерик… Сите имаме право на свое мислење. Не сум разговарал со никој за својата иднина, фокусиран сум само на работа со тимот“, вели Куман.