Пред неколку дена едвај преживеа, а сега ја планира следната трка во Ф1 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трката за Големата награда на Бахреин беше одбележана со инцидент на стартот, кога Роман Грожан со својот болид заврши во оградата, по што возилото експлодираше.

Грожан се спаси благодарение на „халото“, кое не сакаше да го прифати пред две години, но и брзата реакција на луѓето од медицинската екипа.

Меѓу првите на лицето на инцидентот се најдоа возачите на медицинскиот тим на Ф1, Алан Ван дер Мерве и медицинскиот делегат на ФИА, Ијан Робертс.

Токму со нив се фотографираше Грожан по враќањето во штабот, а Робертс посебно беше заслужен зашто го повлече преку оградата зад која гореше остатокот од болидот.

Возачот на Хас сега се рехабилитира од инцидентот, па веќе планира да настапи на следната трка во Ф1.