Предупредување до семејството Ѓоковиќ поради руските знамиња!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и неговото семејство беше предупредено од страна на Австралијан опен затоа што Срѓан Ѓоковиќ, такото на српскиот тенисер, беше снимен со руски знамиња.

Таткото на српскиот тенисер на снимката кажа „Да живее Русија“ и потоа беше во друштво со луѓе кои носеа руски знамиња.

„Мала група навивачи правеше проблеми со недозволиви знамиња. Ќе бидат соочени со последици. Играчите и нивниот тим се предупредени за политиката на турнирот и за знамињата“, соопштија од турнирот.

Директорот на турнирот, Крег Тајли реши да не го казни таткото на Ѓоковиќ во моментов, но ако се повтори неговиот потег, тогаш сигурно ќе има санкција.