Приходите на Ф1 се зголемија за над 170 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 соопшти дека приходите во третиот квартал од 2023 година достигнале 887 милиони долари, односно за 172 милиони повеќе од истиот период минатата година.

Поради тоа наградниот фонд, кој ќе биде доделен на 10 тимови, се зголеми од 370 на 432 милиони долари.

Ф1 годинава од јули до септември одржа осум трки, односно една повеќе од истиот период минатата година.

Генералниот директор на Ф1, Стефано Доменикали кажа дека трките се одржуваат на патеки со распродадени билети, а популарноста се зголемува сè повеќе.