Продажбата на Њукасл може да запре поради непријателските односи меѓу Катар и Саудиска Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл во следните неколку дена би можел да стане најбогатиот тим во Премиерлигата. Саудискиот принц Мохамед бин Салман ќе го купи клубот од „Сент Џејмс Парк“ за 300 милиони фунти, а најавени се и инвестиции во висина од 350 милиони фунти.

„БиИН“ која има договори за ТВ-правата во Премиерлигата побара од раководството на првенството да не му дозволат на Бин Салман да го преземе клубот.

Катарската групација ја обвинува Саудиска Арабија дека ја предводи група хакери, кои илеглано ја преземаат содржината и ја пренесуваат во арапскиот свет, а ниту политичките односи меѓу двете земји не се најдобри.

Катар не сака да плаќа ТВ-права за клуб, чиј газда е од непријателска држава и преземањето на Њукасл би можело да доживее компликации.