Простување на големиот Златан, Ирска во осмина финалето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот од Групата Е од третото коло од ЕП донесе два гола. Белгија ја совлада Шведска со 1:0, а со истиот резултат Ирска ја совлада Италија.

Златан Ибрахимовиќ вечерва ја заврши репрезентативната кариера. Шведаѓаните се поразени против Белгија и се простија од првенството, а Ибра од дресот на оваа селекција.

Солиден меч прикажаа Белгија и Шведска. Неколку обиди на двете страни, а единствениот гол на мечот е виден во 85 минута од мечот.

Удар на Раџа Наинголан заврши позади грбот на голманот Андреас Исаксон за  победа на Белгија од 1:0.

Со истиот резултат е завршен мечот Ирска и Италија. Ирците славеа со 1:0 и така се пласираа во осмина финалето и ги растажија така Турците, кои останаа без пласман понатака бидејќи на Ирците им требаше победа за пласман во втората фаза од натпреварувањето, а до неа стигнаа во 85 минута кога Брејди ја затресе мрежата на Салварторе Сиригу за голема победа на Ирска во овој натпревар.