Први зборови на Лукаку по враќањето во Интер (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку пристигна во Милано и ги помина медицинските прегледи, па до следното лето ќе биде на позајмица во Интер, откако претходно не се прилагоди во екипата на Челси.

Лукаку ќе добие плата од осум милиони евра плус бонуси, откако се согласи да ја намали неговата плата за 30 отсто за да се врати во Милано.

Белгиецот позираше со шалот на Интер, по што кажа дека е среќен што се вратил во поранешниот шампион.

Лукаку минатата сезона постигна само осум голови во дресот на Челси, а со Интер повторно ќе го нападне Скудетото, кое го освои пред две сезони.