„Можеби ќе не избркаат“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватската репрезентација зеде само еден бод во дуелот од 2 коло од групата Д против Чешка одигрувајќи 2:2.

Важна улога во мечот имаа навивачите на Хрватска кои ги прекинаа мечот во самиот финиш.

Многу разочаран после цената ситуација беше и играчот за врска на Барселона Иван Ракитиќ кој изрази надеж дека неговата репрезентација ќе остане на Евро.

„Што да речам сега, после се ова ќе испаднам глуп на крајот. Имавме среќа што натпреварот е продолжен, судијата размислуваше за прекин на мечот. А тогаш имавме и многу поголем проблем. Ова не е случајно, па ние и во следните квалификации веќе играме два натпревари без публика“, рече Ракитиќ и додаде:

“Ќе видиме што понатака. Дали воопшто ќе играме понатака или нас сите ќе не избркаат дома. Ние мораме да одмориме, па ќе видиме што УЕФА ќе одлучи.  Ќе биде тоа полно документи, се надевам дека ќе не остават да одиграме до крај“.

Хрватска следниот меч треба да го игра против Шпанија во третото коло од група Д.