Ракометно лудило: Судиите признаа, па поништија гол на дуелот Тунис – Бразил! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тунис одигра 32-32 против Бразил, но вистинска драма се случуваше во последната минута од мечот.

Бразил најпрво постигна два гола за израмнување на 32-32, по што Тунис тргна во последен напад и погоди пречка, по што топката падна на линијата, а многумина помислија дека е гол.

Судиите преку видео-технологијата ја прегледаа снимката и признаа гол, но потоа се предомислија и го поништија погодокот.