Распад систем во Интер: ПСЖ ги користи финансиските потешкотии за да им земе голема ѕвезда!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот дефанзивен играч од Мароко, Ашраф Хакими би можел во летниот преоден рок да си замине од италијанскиот шампион Интер.

Интер по десет години стана шампион на Италија, но финансиската ситуација во клубот воопшто не е добра, а тоа ќе го искористат европските гиганти.

ПСЖ, наводно, тргнал веќе во акција, па е заинтересиран за Хакими кој имаше одлична сезона со Интер и одигра 37 натпревари, а притоа постигна седум гола и девет асистенции.

Хакими пристигна во Интер на почетокот на сезоната за 45 милиони евра од Реал Мадрид, откако шпанскиот гигант не му даде шанса.

Со потписот на Хакими се поврзуваше и Баерн Минхен, а неговиот менаџер неодамна во медиумите кажа дека малку играчи во светот би одбиле понуда од германскиот гигант.