Распад-систем во Милан: Заминува еден од најважните луѓе!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Спортскиот директор на Милан Игли Таре ќе ја напушти таа позиција на крајот на сезоната.

Како што беше најавено претходните денови, во Милано владее хаос, на една страна е Златан Ибрахимовиќ, а на друга спортскиот сектор со Таре и Макс Алегри.

Италијанските медиуми потврдија дека Игли Таре ќе го напушти клубот бидејќи не ги исполнил очекувањата. Неуспешниот трансфер на Матета од Кристал Палас и многуте засилувања како Јашари и Еступињан, кои не се покажаа, доведоа до одлуката Игли Таре да биде отпуштен.

Исто така, се додава дека Таре би можел да го замени Тони Д’Амико, досегашниот спортски директор на Аталанта, кого ќе го замени Кристијано Ѓунтоли на крајот на сезоната.

Милан и натаму се бори за пласман во Лигата на шампионите, на крајот не се исполнети очекувањата, бидејќи Интер одамна избега во трката за Скудето.