Реал Мадрид има план за талентираниот Норвежанецот кој е брилијантен во Сосиедад


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Реал Мадрид нема да го врати Мартин Одегард, иако младиот Норвежанец е одличен на почеток на сезоната за реал Сосиедад.

    „Кралевите“ по две одлични сезони решија да го позајмат Одегард во шпански прволигаш, а Норвежанецот на шест меча има постигнато два гола и асистенција.

    Сосиедад игра одлично, па се наоѓа на второ место, веднаш зад Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат план за Норвежанецот.

    Тие сакаат да го вратат во првиот тим од следната сезона. Иако многумина го сметаа за големо промашување, сепак Одегард направи пресврт во кариерата, која сега му се движи во позитивен правец.

    Одегард добива искуство во шпанската Ла Лига, па ако продолжи вака, тогаш сигурно ќе биде член на „кралевите“ од следната сезона.