Реал Мадрид продава четири фудбалери, а сигурно купува барем една ѕвезда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во следната сезона ќе тргне со изменет состав. Шпанските медиуми пишуваат дека гигантот ќе се засилува, но претходно мора да се ослободи од непотребните фудбалери.

На врвот на листата за продажба се Герет Бејл, Хамес Родригез, Лукас Васкез и Маријано Дијаз, кои повеќе не му се потребни на Зинедин Зидан.

Уште не е познато кои се желбите за нови засилувања на Зидан, но дефинитивно прв избор ќе биде ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Освен овие четири фудбалери за продажба, Реал размислува да се ослободи и од Начо, Марсело, Брахим и Лука Модриќ.

Останува да видиме кои фудбалери ќе ги продадат „кралевите“ на лето.