Реал објави како ќе изгледа новиот Сантијаго Бернабеу (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кризата предизвикана од појавата на коронавирусот не влијаеше на Реал Мадрид.

Пред една година, Кралскиот клуб започна со реновирање на стадионот, а сегашната состојба нема да ги спречи да продолжат со својата работа и веќе се горди да објават како ќе изгледа ’новиот’ Сантијаго Бернабеу.

За реконструкцијата ќе бидат потрошени дури 500 милиони евра, а Мадрид даде дозвола да продолжи со работата на 73-годишниот стадион.

„Сантијаго Бернабеу ќе биде најдобриот стадион во светот“, рече претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Капацитетот ќе остане на 80.000 места и една од новините е дека стадионот ќе има подвижен покрив на кој ќе бидат потребни 15 минути за да се затвори.

Стадионот е предвидено да биде подготвен за почетокот на сезоната 2022/2023.