Ремонт во Битола пред настапот во ЛШ: Пелистер се раздели со седум ракометари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пелистер ја освои шампионската титула во македонската ракометна Суперлига, па така следната сезона ќе настапи во Лигата на шампиони (ЛШ).

Битолчани по крајот на сезоната се збогуваа со седум ракометари од шампионскиот тим, а тоа се Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суди, Усама Хосни и Бојан Маџовски.

Управата на клубот во меѓувреме ги продолжи договорите со македонските репрезентативци и сега тргнува по ангажман на квалитетни ракометари со кои ќе биде конкурентен во елитното натпреварување.