Репрезентативец на Србија доживеа голема трагедија додека игра на СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Србија загуби од Шпанија вчера, но и покрај тоа е еден од главните фаворити за првото место.

Српските кошаркари веќе некое време се во Кина, а утринава еден од најдобрите кошаркари Василије Мичиќ доби тажна вест.

Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес дозна дека починала мајка му, што е навистина тежок и болен удар за него.

Ефес на Твитер ја објави информацијата дека Мичиќ останал без мајка, па му дадоа поддршка.

Нема дилема дека тоа тешко ќе му падне на Мичиќ, па се поставува прашањето дали ќе може психички да го издржи товарот во наредните дуели.

Србија во четвртфиналето во вторник ќе игра против Аргентина.