Револуција во фудбалот: На Мундијалот во 2022 ќе има и роботи!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалот во наредниот период ќе доживее големи промени. По ВАР-технологијата, ФИФА планира да воведе уште една иновација која би требало да влијае на регуларноста на теренот, а планот е помошните судии да ги заменат роботи.

Целта е на тој начин да се донесат попрецизни одлуки, кога станува збор за офсајд.

„Идејата е на тој начин побрзо да се прегледаат спорните ситуации. Принципот е системот веднаш да креира линија и да јави аларм ако постои офсајд-позиција. Роботот би излвлекувал линии рамни со последниот играч во одбраната. Тоа би заштедело време, зашто прегледот на видео-ситуацијата ќе биде попрецизен“, кажа директорот на ФИФА за технологија, Јоханес Холцмилер.