Рингов не издржа и почна да плаче: Како што тргнало… Вардар ќе исчезне! 🎥

Вардаровата легенда и поранешен македонски фудбалер Васил Рингов не можеле да ги запре солзите во „Студио 10“ на „ТВ24“ при разговорот со водителот за состојбата во Вардар.

Вардар сезонава испадна од Првата македонска лига, па следната сезона ќе игра во Втората лига, но тоа не е единствениот проблем бидејќи најтрофејниот македонски тим има големи долгови, кои мора допрва да се враќаат.

„Сум кажал 100 пати досега. Вардар беше како репрезентација на Македонија, сите квалитетни фудбалери играа во него. Државата мора да ја реши ситуацијата. Не е проблем дали ќе игра во Втора или Трета лига, туку како тргнало… Вардар ќе исчезне“, вели Рингов.