Ристовски е херој на Вардар: „Црвено-црните“ ќе играат во финале на СЕХА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар ќе игра за шестата титула во СЕХА-лигата, откако во полуфиналето славеше против ППД Загреб, и тоа по шутирање пенали. Голманот Борко Ристовски се покажа во пенал-рулетот и на крајот Вардар славеше со 30-29.

Вардар не играше во препознатлив стил, па се соочуваше со елиминација од натпреварувањето. Тие на полувремето имаа негатива од 13-16, а во еден момент Загреб водеше и со 24-18. Сепак, „црвено-црните“ на крајот извојуваа важна победа.

Во финалето ќе се соочат со Веспрем, кој денеска го реши Мешков Брест во полуфинале.