Рома подобра од Лацио во големото дерби во Рим (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома славеше против Лацио во градското дерби во Рим со голот на Џанлука Манчини и освои големи три бода кои ќе ѝ помогнат во трката за место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Манчини го постигна голот во 42. минута по центар-шут на Пауло Дибала, по што Лацио не успеа да се врати.

Даниеле Де Роси ја препороди Рома по доаѓањето на кормилото на клубот, кој сега е петтопласиран со 55 бодови, односно два помалку од Болоња.