Роналдо на интересен начин ги смири навивачите кои збеснаа по негов автограм (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо минува низ тежок период и неодамна доби казна од еден меч поради одлуката да не влезе во игра против Тотенхем, но сепак потоа се врати и постигна гол за Манчестер јунајтед.

Тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека ќе смета на Роналдо во следниот период, а португалската ѕвезда ќе има шанса да ги покаже своите квалитети.

Навивачите му дадоа поддршка на Роналдо, а на последниот тренинг дел од нив буквално збеснаа за да добијат автограм од Португалецот.

Роналдо почна да дава автограми, по што во еден момент на интересен начин ги смири со неговиот препознатлив потег.