Руд на 14 години го гледаше својот идол Надал, а сега игра финале против него на Ролан Гарос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каспер Руд ќе игра за првпат во кариерата финале на гренслем-турнирот на Ролан Гарос, а за противник ќе го има Рафаел Надал, кој само трипати изгуби во Париз.

Шпанецот е голем фаворит и речиси никој не очекува Норвежанецот да направи изненадување, иако Руд веќе мина голем пат за да стигне до финалето.

Уште како дете, кога имал само 14 години, Руд имаше шанса да се најде на стадионот во Париз, кога од трибините го гледал Надал како победува против Давид Ферер со убедливи 3-0 во сетови.

Норвежанецот повеќе пати кажа дека Надал му е идол и дека сакал да го гледа, но сега ќе има можност да се бори против него за голем пехар.