Русинка го надмудри Вимблдон: Ќе игра во Лондон, иако има забрана!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руската тенисерка Натела Џаламиѕе на 10 дена пред почетокот на Вимблдон реши да го промени државјанството и така да ја избегне забраната за учество на тенисерите и тенисерките од Русија.

Натела на Вимблдон ќе игра под знамето на Грузија и ќе настапи во двојки заедно со Александра Круниќ.

Русинката ги исполни сите услови и доби потврда дека нејзината промена на пасошот е валидна, па организаторите на Вимблдон не можат ништо да направат за да ја спречат.

Натела е родена во Москва и не е јасно каква е нејзината врска со Грузија, но името и презимето на 44. тенисерка на ВТА-листата во двојки се со грузиско потекло.