Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на САД се пласира во полуфиналето на Копа Америка после победата против Еквадор од 2:1.
Единствениот погодок во првото полувреме беше виден во 22-ра минута кога Демпси погоди за водство на САД од 1:0.
На почетокот на второто полувреме двете репрезентации останаа со по 10 фудбалери на теренот поради исклучувањата на Џонс и Валенсија.
Во 65-та минута Демспи асистираше, а Зардес погоди за 2:0, а девет минути подоцна Аројо постигна погодок за конечни 2:1.
САД во полуфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот Аргентина – Венецуела.