Сари утре добива отказ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот италијански тренер Маурицио Сари би можел да ја загуби работата утре вечер.

Тоа треба да се случи во случај на неуспех против Лион во реванш натпреварот од Лига на шампионите.

Да потсетиме, Старата дама го загуби својот прв натпревар против Лион во Франција во фенжбруари со 1:0 и утре во Торино ќе има тешка задача да помине понатаму во Лисабон.

Ако тоа не се случи, Сари сериозно ќе му биде разнишана работата, а многу италијански медиуми веруваат дека тој ќе стане поранешен тренер по само една сезона.

Да потсетиме, минатата година Масимилијано Алегри беше отпуштен иако стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите, но тоа тогаш се сметаше за неуспех.

Затоа многумина веруваат дека Сари дури и во случај на поминување во четвртфиналето и потоа елиминацијата може повторно да предизвика отказ. Да потсетиме, противникот на Старата дама во евентуалниот четвртфинален натпревар ќе игра со подобриот од натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид.

Конечно, да додадеме дека натпреварот Јувентус – Лион е закажан за утре во 21.00 часот.

Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе го одигра возвратниот натпревар во исто време.