Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативците на Англија се собраа вчера пред натпреварот против Црна Гора и Косово, а веќа на првиот тренинг Гарет Саутгејт имаше големи проблеми.
Англиските медиуми синоќа соопштија дека дошло до хаос на првиот тренинг на репрезентацијата на Англија на кој дошло до расправија помеѓу Рахим Стерлинг и Џо Гомез.
Стерлинг и Гомез имаа недоразбирање во неделата на дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, а тензиите продолжија и на репрезентативниот собир.
Прво дојде до вербална расправија помеѓу нив двајцата, а наводно сето тоа го започнал Стерлинг кој и понатаму е лут на Гомез поради неговото однесување на Енфилд.
Ваквото однесување непријатно го изненадило Соутгејт кој одлучи да го „суспендира“ Стерлинг кој нема да биде конкуренција за натпреварот против Црна Гора кој Англија го игра за два дена.
„Емоциите од дербито кое се играше во неделата сеуште се силни. Нас ни е голем предизвик да го раздвоиме ривалитетот помеѓу клубовите кога играчите ќе дојдат да се натпреваруваат за репрезентацијата. Одлучено е дека Стерлинг нема да игра против Црна Гора и верувам дека тоа во овој момент е најдобро за својот тим. Тоа го одлучивме после разговорот со целиот тим“, изјави Соутгејт.