Савичевиќ и Панчев му даваат предност на Интер пред дербито со Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва се игра големото дерби меѓу Милан и Интер во Лигата на шампиони (ЛШ), а во пресрет на дуелот своето мислење го дадоа Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ.

Поранешниот македонски напаѓач беше дел од Интер, па во разговор со „Информер“ кажа дека фаворит ќе бидат „нераѕурите“, а со неговото мислење се согласи и легендата на „росонерите“, Дејан Савичевиќ, иако кажа дека ќе навива за Милан.

„Милан е домаќин, но играат на ист стадион кој добро го познаваат. Интер е во добра форма, додека Милан е во пад и притоа се повреди Леао. Чудно е во дербијата, затоа што може еден момент да реши сè. Верувам во победа на Интер и пласман во финале на ЛШ“, кажа Панчев.