„Се надевам дека Пума не произведува кондоми“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Швајцариај иронично го искоментира квалитетот на дресовите кои ги носи неговата репрезентација.

Во текот на натпреварот против Франција на дуци четворица швајцарски репрезентативци им се скина дресот.

Во прес- зоната после мечот, Џердан Шакиќи иронично ја искоментира ситуацијата.

„Се надевам дека Пума не произведува кондоми“, рече напаѓачот со потекло од Гњилане.

Освен Шаќири, дресовите ги скинаа и Џака, Мемеди и Емболо.

Меѓутоа, тоа не е целата штета од споменатиот натпревар кој го одлучуваше победникот од групата А. При еден дуел меѓу Бехрами и Гризман топката се дупка.  Произведувачот на топката е Адидас, а нејзината цена на пазарот е окол 150 евра.

Очекувано, и од Пума и од Адидас испратија соопштенија, полно со општи место, како дека е се работено според најновите технологии и дека темелно ќе се испита поради што дошло до непосакуваните дефекти.