СЕХА-лигата го објави домаќинот на Ф4 (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СЕХА-лигата годинава ја избра Хрватска за домаќин на деветтото издание на Ф4 во регионалното натпреварување, па турнирот ќе се одржи во Задар од трети до петти април.

Во него ќе учествуваат најдобрите четири екипи, а сите се надеваат дека Вардар ќе биде еден од нив.

„Ве известуваме дека Задар ќе биде домаќин на новото издание на Ф4-турнирот во СЕХА. Ова е третпат, по 2012 и Вараждин во 2016 година да се одржи завршен турнир во Хрватска. Како и секогашочекуваме врвен ракомет, но и уживање во целиот настан“, велат од СЕХА-лигата.