Сејдини поминал без посериозни повреди: Ме нападнаа три непознати лица!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) синоќа бил нападнат од непознати лица додека напуштал скопски ресторан.

Напаѓачите засега се непознати, односно биле маскирани, а полицијата презема активности за да ги открие.

„Во моментов не можам да знам кои беа напаѓачите. Му благодарам на Бог што инцидентот помина без посериозни последици. Се надевам дека МВР ќе преземе мерки за случајот“, кажа Сејдини.