Селекторот на Македонија ги загуби нервите: Вие немате памет за овој спорт! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Македонија беа поразени од Словачка со 72-88 во претквалификациите за Светското првенство, но и покрај тоа се пласираа во следната фаза.

Тренерот на Македонија и стратег на Игокеа, Драган Бајиќ не можеше да го сокрие незадоволството од неговите кошаркари, па на еден тајм-аут ги загуби нервите и почна да им вика на своите фудбалери.

„Вие немате памет за овој спорт. Немаш памет, немаш памет, јасно ли ти е? Каков е овој шут? Па нема да играте за поени. Кои сте вие? Никој не игра одбрана“, беа зборовите на селекторот кој во бес им викаше на своите кошаркари поради лошата игра на паркетот.