Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Кристијано Роналдо ја исполни желбата на еден навивач после натпреварот против Австрија кој сакаше да направи селфи со португалската ѕвезда.
Токму тој детал скапо ќе го платат Португалците. Европската фудбалска федерација (УЕФА), денес започна постапка против Португалскиот сојуз поради однесувањето на нивните навивачи.
Како што се наведува, Португалците се одговорни за влегувањето на навивачот на теренот. Репрезентацијата на Португалија ќе биде казнета, а започната е постапка и против навивачите на Унгарија поради нередите од натпреварот против Исланд.