Шефот на Ферари е оптимист дека може да му парираат на Ред Бул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шефот на Ферари, Фред Васер кажа дека болидот на Ред Бул нема огромна предност како минатата сезона и тоа им дава надеж на навивачите дека ќе гледаат повозбудлива сезона.

Првиот викенд во новата сезона помина во знакот на Ред Бул, откако Макс Ферстапен победи во Бахреин, а втората позиција му припадна на Серхио Перез, додека третото место на подиумот беше резервирано за Карлос Саинц од Ферари.

„Охрабрувачки е тоа што имавме добро темпо за време на квалификациите. Според тоа што го гледаме како првични резултати, мислам дека Ред Бул нема предност како минатата година. Ќе биде важно да не се губат бодови лесно како во претходната сезона“, кажа Васер.