Шкафчето на Коби Брајант продадено за 2,9 милиони долари (Фото)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа пред неколку години, а во меѓувреме се организираше аукција на која беше продадено неговото шкафче кое го користеше во Лос Анџелес Лејкерс од 2003 до 2016 година.

Шкафчето на Брајант било продадено за неверојатни 2,9 милиони долари, а интересно е тоа што истото било спасено од уништување од работник за време на реновирање на салата во 2018 година.