Шпанскиот портал MARCA нема милост: Ова му беше најлошиот натпревар во неговата кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го означија како главен виновник поради првите два гола.

Откако Барселона во драматичниот натпревар остана без финалето во Лигата на Шампионите дојде време да се најдат главните виновници за неуспехот.

И покрај тоа што поголемиот дел од играчите на каталонскиот великан играа под своето ниво, шпанскиот портал Marca како главен виновник го гледа Џорди Алба кој за многумина важи како најдобар лев бек во светот.

Maria пишува за тоа дека Алба е главниот виновник за првите два голови на Ливерпул.

Алба, кој позади себе има одлична сезона во седмата минута од натпреварот лошо ја изби топката која стигна до Мане кој му асистираше на својот соиграч Ориџи и тој постигна гол за 1:0.

Потоа во 54 минута тој повторно беше виновник кога ја изгуби топката од Александер-Арнолд, кој после тоа помина покрај него и му асистираше на Вијналдум кој постигна погодок за резултат од 2:0.

Веќе одамна се знае дека Алба е слаб во одбранбените редови и дека повеќе размислува за напад, а шпанските медиуми се сложуваат дека ова е неговиот најлош натпревар во неговата кариера.