„Што побрзо да ја заборавиме магичната Франција“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот селектор Анте Чачиќ беше разочаран после поразот од Португалија.

Ја имаше хрватскиот тим улогата на фаворит, беше подобра, но со голот на Кварезма во 117 минута испадна. Остана жал, посебно ако се знае како Хрватите играа во групната фаза.

„Португалија се одлучи да игра на контри и полуконтри со осум играчи позади топката. Што повеќе натпреварот одминуваше, бевме поопасни. Направивме една грешка на натпреварот и бевме казнети. Тоа е шармот на фудбалот. Што порано мораме да ја заборавиме магичната Франција.

Покажавме добар фудбал. Одиме да се одмориме во најкраток можен рок и за месец дена гледаме кон Русија. Не е лесно, имаме за што да жалиме. Бевме добри, бевме подобра екипа од Португалија“, рече Чачиќ, и додаде:

„Не им дозволивме да шутираат кон голот. Ние од друга страна ги промашувавме своите шанси, не ја наплативме доминацијата.  Се случи тоа што се случи. Пјаца и Калиниќ кога влегоа се очекуваше да направат нешто бидејќи беа свежи.

Тоа е е хипотетичко прашање на кое ми е тешко да одговарам“,

„Верувам дека ќе најдеме сила од внатре да се пласираме на СП. Нема да биде лесно. Многу работи на нас не ни одат од рака, но мораме да смогнеме сили да се квалификуваме во Русија. Мораме да бидеме радосни, што привлековме внимание на себе, тоа што се сите живи од репрезентацијата. Сигурен сум дека нема што да ни замерат“, додаде Чачиќ.