Што значеше прославата на Олмо на првиот гол за Барселона? (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Барселона летово се засили со Дани Олмо, кој дебитираше во мечот против Рајо Валјекано и постигна гол за победа од 2-1.

Олмо на интересен начин го прослави погодокот за Каталонците. Тој покажа на часовникот, а истиот гест го следеа неговиот соиграчи Ламин Јамал и Роберт Левандовски.

„Мундо Депортиво“ даде објаснување зошто Олмо го прославил голот на таков начин.

„Дојде времето на Дани Олмо. Тој го прослави првиот гол покажувајќи на часовникот, што симболично значи дека е негов момент“, објави каталонскиот медиум.