Шумахер не го жали Хамилтон: Премногу прави драма!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната трка во Формула 1 ја одбележа инцидентот во која Макс Ферстапен удри во Луис Хамилтон и двајцата завршија надвор од патеката.

По трката Хамилтон се жалеше дека има болки во вратот и дека мора да замине на специјалист, а Ралф Шумахер смета дека Британецот премногу правел драма.

„Хамилтон правеше драма со оглед на тоа дека следниот ден леташе во Њујорк“, вели Шумахер.

Шумахер, кој исто така, долго време возеше во Формула 1 тврди дека судирот меѓу Хамилтон и Ферстапен бил тркачки инцидент и не требало никој да биде казнет.

„Тоа беше тркачки инцидент. Му благодарам на Бог што постои хало, никој тоа не го направи намерно“, вели Шумахер.