Симеоне испрати три понуди, ќе го сруши рекордот на клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понуди беа испратени на три адреси, ако некоја од нив биде прифатена, Атлетико ќе има нов рекордер.

Најголемата сума која до сега “Јорганџиите” ја платиле за некој играче 40 милиони евра. Тоа беше за Радамел Фалкао и се исплатеше, а ова лето бараат нов напаѓач.

Имено, имаат 40 милиони евра од Кинезите кои ги добија за Џексон Мартинез, спремни да додадат уште 10 или 20 за да му пронајдат партнер на Антоан Гризман.
Кои се метите?

Најтешката е Гонзало Игуаин. Менаџерот и братот на фудбалерот ја отвори вратат за заминување од Наполи, но тешко дека 60 милиони евра ќе бидат доволно за Наполи да се откаже од неговите услуги.

Имено, неговата клазула изнесува 94 милиони евра и таа нема да ја плати никој, но ниту Де Лаурентис не сака да попушти.

Диего Коста е стара приказна во Атлетико се надеваат дека Челси ќе го пушти Бразилецот да се врати. “Сините” го купија Батшуај, ако го доведат и Мората, јасно е дека Коста би можел да се врати на “Висенте Калдерон”.

И на крајот Пјер Емерик Обемејанг.

Габонецот сака во Шпанија, но Реал е неговата желба. Дортмунд исто така не сака да го пушти за помала сума од 60 милиони евра.

Во секој случај не чека интересно лето, Атлетико има пари за голем напаѓач, дали желбите ќе им се остварат останува да видиме.