Симеоне откри зошто избега и не се поздрави со Клоп 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид загуби на домашен терен од Ливерпул со 2-3 во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Сепак, резултатот остана во сенка на потегот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој избега во соблекувалната без да се поздрави со неговиот ривал Јирген Клоп од Ливерпул.

Новинарите на прес-конференцијата го прашаа Симеоне зошто не покажал почит кон противникот и избегал во соблекувалната, на што стратегот даде краток одговор.

„Не се поздравив затоа што тоа не ми се допаѓа. Не е здраво, ниту за тој што победува, ниту за поразениот. Тоа е мое мислење. Ако го видам сега ќе го поздравам без проблем“, кажа Симеоне.