Синот на Петар Наумоски ќе игра за МЗТ Скопје!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МЗТ Скопје успеа да го ангажира синот на легендата на македонската кошаркар Петар Наумоски.

Талентираниот Михаил потпиша договор на две ипол години со екипата од Аеродром, а момчето има само 17 години, додека во Македонија доаѓа од екипата на Црвена Звезда.

„Едвај чекам да се завршат сите формалности за да може што побрзо да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе направам сѐ за да ја оправдам дадената шанса“, изјави Михаил.

Михаил, кој оваа сезона ќе ја заврши во тимот на МЗТ Скопје Уни Банка (вториот тим), потоа би требало да биде прекомандуван во првиот тим.