Скандал на Вимблдон: Биле наместени два меча за многу пари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку два меча одиграни на Вимблдон се наоѓаат под истрага поради можност истите да биле наместени.

Германските медиуми објавија информации за можни манипулации на гренслем-турнирот, а станува збор за дуели во сингл и конкуренција на двојки.

Неколку обложувалници пријавиле дека добиле необични обложувања на тие натпревари, иако засега сите детали не се познати на јавноста.

Кога станува збор за натпреварите во сингл-конкуренција, се шпекулира дека станува збор за меч од првото коло на кој учествувал тенисер од Германија.

На крајот на вториот сет бил уплатен точен резултат со огромна сума на пари, па тоа предизвикало сомнеж кај обложувалниците.