Скандал во Ф1: Ферстапен ќе остане без титулата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најбрзиот возач минатата сезона во Формула 1, Макс Ферстапен би можел да остане без шампионската титула затоа што неговиот тим ги прекршил правилата.

Британските медиуми пишуват дека Ред Бул го надминал буџетот за претходната сезона и потрошил дури 4,5 милиони фунти повеќе отколку што дозволуваат правилата.

Ферстапен во сензационална завршница во последниот круг ја освои титулата и го победи Луис Хамилтон, кој беше на прагот до осмата титула во кариерата.

Во моментов се води истрага, па така една од можните казни за Ред Бул е да се одземат бодови на Ферстапен од минатата сезона и тоа ќе значи дека Хамилтон ќе ја преземе титулата, но засега ништо не е познато и наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.