Слаткиот живот со две девојки скапо ќе го плати: Роналдињо оди пак в затвор?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нема мир во животот на Роналдињо, откако од Бразил стигна вест дека до 1 декември мора да уплати пари на својата поранешна девојка Коелјо, а ако не се случи тоа, тогаш може да заврши во затвор.

Роналдињо пред три години планирал да се венча со две девојки во исто време со кои живеел во Рио де Жанеиро, а втората девојка била Беатриз Соуза.

Оваа вест се појави во бразилските медиуми во 2018 година, а венчавката не се случи затоа што е забрането такво нешто во Бразил и исто така предвидена е казна од шест години затвор.

Коелјо го тужеше Роналдињо за насилство, а во медиумите ја раскажа својата приказна и на Суд доби пресуда во своја корист, па сега Бразилецот ќе мора да ѝ исплаќа по 15.000 евра ако не сака да заврши во затвор.