Лига на Шампиони: Нова сезона, нови очекувања! ↓↓↓
Гого Славевски е светски шампион во велтер категорија во борбите со голи раце во БКФЦ верзијата, откако го совлада Џејк Лидзи со едногласна одлука на судиите.
Скопјанецот веќе една деценија се бори и конечно се искачи на врвот со шестата победа во шестиот меч во спортот.
„Радувајте се Македонци, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот, но успеав затоа што сме земја на шампиони“, кажа Славевски.