Снимката од соблекувалната на Парма покажа каква легенда е Буфон! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон реши да ја продолжи кариерата и да брани на 43 години на голот на Парма. Враќањето во редовите на тимот во кој ја почна кариерата предизвика различни реакции од навивачите, но легендарниот чувар на мрежата му помага на својот тим.

Каква легенда е Буфон покажува и сцена од соблекувалната, каде што голманот одлично се забавува со помладите момци од себе.

Играа лист, камен, ножички, а Буфон според снимката ја уништи конкуренцијата. Атмосферата во екипата е феноменална и очигледно раководството на клубот направи вистински потег со ангажирање на Буфон.

Буфон ја почна кариерата во младинските категории на Парма во 1991 година, а четири години подоцна стана прв голман на тимот и бранеше до 2001 година, по што се пресели во Јувентус.