Со големи овации се прости и Роби Кин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ирска синоќа го победи Оман со 4:0, а во овој меч се прости Роби Кин.

Легендарниот напаѓач синоќа го одигра последниот меч за селекцијата на Ирска. Како капитен истрча на терен, а постигна гол во 30 минута.

Во 57 минута излезе од игра, доби големи овации од трибините.

Триесет и шест годишниот напаѓач на Лос Анџелес Галакси е најдобар ирски стрелец со 68 голови, а во националниот дрес одигра 146  мечеви.

Во богатата кариера играше за многу тимови, меѓу останатото за Интер, Лидс, Тотенхем, Ливерпул, Селтик..

Ирските навивачи се свесни дека ваков човек ќе им недостасува во репрезентацијата.

Освен што со головите донесе толку радост на Ирците, тој со своето однесување беше пример за сите млади играчи.