Солскјер доби зелено светло: Управата одобри рекорден буџет за нови имиња на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот стратег, Оле Гунар Солскјер, неодамна потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Солскјер на „Олд Трафорд“ пристигна како привремено решение откако Жозе Мурињо заработи отказ. Меѓутоа, во Јунајтед не очекуваа дека Норвежанецот ќе ја препороди екипата и ќе оствари толкав напредок за само неколку месеци.

Челниците на клубот одлучија да му пружат поддршка на Солскјер и да му понудат да остане во клубот, односно тригодишен договор. Тој тоа го прифати без премногу размислување и порача дека му се остварил сонот да го предводи клубот за кој настапуваше како фудбалер.

Меѓутоа, јасно е дека пред него има доста работа на крајот од оваа сезона бидејќи се гледа дека Јунајтед има доста проблеми околу играчкиот кадар. Од клубот сакаат тимот да се врати на самиот врв и јасно е дека му се потребни големи засилувања.

Англиските медиуми пренесуваат дека конечно челниците на Јунајтед тоа го сфатиле, и дека одобриле рекорден буџет за засилувања. Како што се наведува, Солскјер на располагање ќе има дури 250 милиони евра за засилувања, а тоа би можело и да се зголеми доколку Јунајтед некого продаде што е евидентно дека ќе се случи.