Сопругата на Шумахер испрати мистериозна порака (ФОТО)

Во недела минуваат шест години од тешката несреќа на скијање во Франција, која ја имаше легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

Шумахер беше во кома, а подоцна се наоѓаше на посебно лекување, а за неговата состојба и денеска малкумина знаат затоа што семејството сакаше да ја задржи приватноста.

Сопругата на Шумахер, Корина се огласи со порака на социјалните мрежи, под хаштагот „#KeepFightingMichael“.

„Големите работи почнуваат со мали чекори. Малите парчиња можат да создадат голем мозаик“, напиша таа.

Инаку, името од хаштагот е дел од семејната организација на Шумахер, која помага во медицинските истражувања, кои се поврзани со мозокот и `рбетот.

Исто така, член на клубот на навивачи на Шумахер, Рајнер Ферлинг се надева дека наскоро ќе го види Михаел во јавност.