Спас во последен час: Болтон ангажираше девет фудбалери (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последниот ден од преодниот рок на Болтон успеа да ангажира дури девет фудбалери и да го засили тимот, кој има големи маки во Лига 1.

Клубот, кој беше на раб да згасне поради финансиски проблеми, во моментов има -11 бодови, откако во пет меча освои само еден бод, а ја почнаа сезоната со -12 поради казна.

Редовите на поранешниот премиерлигаш ги засилија Дерил Марфи, Вил Бакли, Џејк Рајт, Али Крофорд, Тибо Верлинден, Џош Емануел, Крис О`Грејди.

Поголем дел од фудбалерите пристигнаа на позајмица, па ќе се обидат да им помогнат во борбата за опстанок во Лига 1.